Зидан, по нападот од претседателот на Француската федерација, со најдобар можен одговор…

Претседателот на француската федерација, Ноел Ле Грат разговараше со домашните медиуми токму на темата Зинедин Зидан, откако се одлучи да ја продолжи соработката со Дидие Дешамп на селекторската функција на Франција.

Ле Грат одговораше околу можноста Зидан да го преземе Бразил, на што беше навистина изненадувачки жесток.

„Немам ништо да кажам, нека оди каде што сака. Во клуб или во репрезентација, тоа не ме интересира ниту најмалку. Дали се обидел да ми се јави? Секако дека не, а и да ме побара јас не би му се јавил“ – истакна Ле Грат.

Сето тоа наиде на револт во француската јавност, за да на тие зборови од претседателот на федерацијата одговори Килијан Мбапе, кој на својот твитер профил одлучи да му одговори на претседателот…

„Зидан е Франција, ние не покажуваме такво непочитување кон нашите легенди“ – напиша Мбапе.

Многумина очекуваа реакција и од самиот Зидан. „Л’Екип“ побара одговор преку неговиот застапник, но Зидан одлучи да остане рамнодушен истакнувајќи дека нема намера да одговара било што на претседателот на Француската федерација.

„Нема потреба од било каков одговор“ – е реакцијата од застапникот на Зидан.

И, многумина се согласуваат дека легендарниот фудбалер и човек кој доживотно го задолжи францускиот фудбал на тој начин го избра најдобриот можен одговор.

Се вчитува...