Реал Мадрид синоќа загуби од Мајорка со 1-0 во 9. коло од Ла Лига, препуштајќи го врвот на Барселона. „Кралевите“ одиграа слаб натпревар без Асенсио, Бејл, Карвахал, Крос, Модриќ, Лукас Васкез…
„Тоа е проблем, но не треба да биде оправдување. Има тука доволно квалитетни фудбалери за да се одигра добар натпревар. Не сум загрижен. Проблем е тоа што на секои три дена мора некому да докажуваме. Ние тоа никогаш не го правиме, а кога не играш така тим како Мајорка ќе те казни. Продолжуваме понатаму“ – вели Зидан.
Реал веќе во вторник во Лигата на шампионите гостува против Галатасарај и мора да дојде до триумф ако не сака дополнително да си ја закомплицира ситуацијата во групата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА