Зинедин Зидан се врати на клупата на Реал Мадрид, но еуфоријата поради неговото враќање се повеќе губи на интензитет. По победите против Селта Виго и Хуеска, следуваше поразот од Валенсија на „Местаља“ од 2-1. Зидан вели дека поразот од Валенсија е само поради недостиг на мотивација.
„Тие ќе се обидат да ја завршат сезоната на најдобар можен начин. Вистината е дека на мечевите можеби имаме помалку мотивација. Но, фудбалерите се професионалци и кога ќе го облечат дресот на Реал мора да се борат до крај. Тежок период е за нас. Не е испит, тие се фудбалери на Реал Мадрид. Едноставно мораме да го преживееме тешкиот период. Еден пораз ништо не менува“, вели Зидан.
„Кралскиот клуб“ беше елиминиран од Лигата на шампионите и од Копа дел Реј, а по вчерашниот пораз на табелата во Ла лига заостанува 13 бода зад првопласираната Барселона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА