Реал Мадрид конечно успеа да победи во Ла Лига на „Сантијаго Бернабеу“ оваа сезона, падна синоќа Еспањол со 2-0, а францускиот стратег Зинедин Зидан постави и нов рекорд во шпанскиот фудбал. Тој стана тренер што најбрзо успеал да стигне до 50 победи во шпанското првенство. Тоа на Зидан му успеа по 65 натпревари на кормилото на „кралевите“.
Французинот го урна рекордот на Пеп Гвардиола, кој со Барселона стигна до 50 победи по 67 натпревари на клупата на каталонскиот тим. Но, сега се заканува и Ернесто Валверде. Тој има „седум од седум“ откако седна на клупата на Барса.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА