Зидан постави услов за да го преземе Баерн Минхен

Откако пропадна можноста Јулијан Нагелсман да биде тренер на Баерн Минхен, „Баварците“ се вртат кон Зинедин Зидан. И додека шпанските медиуми јавуаат дека преговорите се во напредна фаза, германските медиуми се песимисти дека популарниот „Зи-Зу“ ќе го преземе кормилото на најтрофејниот германски тим.

Зидан е без работа од летото 2021 годин кога го напушти Реал, а „Мундо Депортиво“ носи вест дека би можел да биде дел од Баерн Минхен. Меѓутоа, според пишувањата на истиот медиум, Зидан имал еден услов.

Наводно условот бил тимот да вложи голема сума на пари на засилување во одбранбената линија на тимот. Како што е познато, Баерн во изминатите две сезони ги купи Де Лихт и Ким, но очигледно тоа не е доволно за Зи-Зу.

Се вчитува...