Зидан потврди дека си оди: Постои момент кога треба да заминете, за доброто на сите…

Зинедин Зидан меѓу редови потврди дека е подготвен на крајот од сезонава да го напушти Реал Мадрид откако францускиот стратег на денешната прес-конференција беше прашан токму за неговата иднина во клубот.

Одбивајќи да даде конкретен одговор, Зидан сепак искоментира дека постојат моменти треба да се замине од работата што се извршува, без оглед на околностите.

„Не знам што ќе се случува, тоа не е само моја одлука. Сепак, би рекол дека постојат моменти кога треба да останете за доброто на сите, но и момент кога треба да заминете, исто така на доброто на сите. Не сакам да се прави драма, имаме уште две средби пред нас, се уште сме со шанси за титулата и инсистирам фокусот да остане на овие натпревари“, истакна Зидан.

Се вчитува...