Се погласни се приказните за можниот ангажман на легендарниот Зинедин Зидан на Олд Трафорд. Холандскиот стручњак Ерик тен Хаг мака мачи со својот скап состав, со тоа што „црвените ѓаволи“ се наоѓаат на 14. место во Премиершип, а неговото заминување од Театарот на соништата е прашање на време.
Минатата недела беше одржан состанок на извршниот одбор на кој беше заклучено дека германскиот тренер Томас Тухел може да добие шанса на клупата. Сепак, во меѓувреме беше објавено дека 51-годишниот Германец ќе ја преземе клупата на англиската фудбалска репрезентација по заминувањето на Герет Саутгејт.
Затоа, шефовите на Јунајтед наводно се свртеле кон Зинедин Зидан и го направиле неговото доаѓање приоритет. Некои извори тврдат дека легендарниот Французин веќе поставил услови, и ако бидат исполнети, ќе дојде на „Олд Трафорд“.
Во меѓувреме, се шпекулира дека на Ерик тен Хаг веќе му е даден ултиматум. Ако Јунајтед не успее да постигне резултат против Брентфорд на домашен терен во сабота или на гости кај Фенербахче во Лига Европа во четврток, тогаш Холанѓанецот ќе биде веќе „поранешен“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА