Зинедин Зидан е под силен притисок по вчерашниот пораз на Реал Мадрид од Барселона (0-3). Иако со мадрдискиот клуб изминатава година освои пет трофеи – ЛШ, шпанскиот Суперкуп, Примера, Суперкупот на УЕФА и Светскиот клупски куп, Зидан се наоѓа во деликатна ситуација.
Алергичен на доминацијата на Барселона, претседателот на Реал, Флорентино Перез, како што пишуваат шпанските медиуми, подготвува отказ за Зидан веќе на првиот следен кикс.
Шпанскиот „Дон Балон“ повторно ја актуелизира приказната како наследникот на Зидан веќе се знае, а тоа е 58-годишниот Карло Анчелоти, моментално најпосакуваниот слободен тренер на пазарот.
Анчелоти веќе беше тренер на Реал од 2013 до 2015 година, во 119 официјални натпревари запишувајќи 89 победи, 14 ремија и 16 порази. Со Реал освои четири трофеи, а прв асистент му беше токму Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА