Герет Бејл повторно им создаде проблем на челниците на Реал Мадрид со повторно одбивање да замине од клубот, и покрај сериозната понуда која пристигна во канцеларијата на кралскиот клуб. Бејл одби богата понуда од Кина, но Реал и натаму продолжува во обидите да се реши од него.
Откако изминативе денови Зинедин Зидан доби отворени критики од многумина што јавно порача дека Бејл не е во неговите планови и што не му даде шанса да игра на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен, мораше повторно да се огласи францускиот стратег.
„Играчите се најважни и јас секогаш ќе бидам со нив. Но, што се однесува до Бејл и претходно кажав дека клубот сака да го продаде. Тоа е вистината и она што е најважно. Бејл не играше против Баерн затоа што самиот така сакаше, а и самиот знае зошто мора да замине од клубот“ – вели Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА