Зинедин Зидан веќе подолго време прави пауза од фудбалските терени. Францускиот стратег нема работа откако си замина од Реал Мадрид минатата година. 49-годишникот би можел да направи кам-бек по крајот на Мундијалот во Катар.
Во Франција се шпекулира дека ќе го заземе местото на Дидие Дешамп, кој најверојатно ќе ја напушти селекторската позиција во репрезентацијата на Франција. Се пишува дека Зидан е една од опциите на челниците на ПСЖ за местото на Маурицио Покетино. Француските медиуми пренесуваат дека понудата до него е 25 милиони евра по сезона.
Популарниот Зизу е еден од идолите на Килијан Мбапе, па тоа дополнително може да ги олесни преговорите. Зидан се враќа на голема врата и прави сензационален кам-бек?
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА