Зинедин Зидан не крие дека чувствува здодевност откако веќе цели три години е без работа по заминувањето од Реал Мадрид во 2021. Французинот беше поврзуван со клупата на својата земја по СП во Катар, но тогаш „триколорите“ решија да го задржат Дидие Дешамп, по што легендарниот Зизу остана со празни раце.
Летово тој беше поврзуван со Баерн Минхен и со Јувентус, но двата европски гиганта се решија за поинакви опции, оставајќи го Зидан без ангажман.
„Иако тренерската работа бара многу енергија и ангажман, чувствувам дека сум подготвен да се вратам. Вистината е дека предолго сум без работа. Да, заморно е да си тренер, но исто така и почнува да ми недостига. Имам опции, ќе видам кога ќе се вратам на оваа професија“, изјави Зидан за весникот „Марка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

