Зидан: Примивме два смешни гола…и не е работата за смеење!

Реал Мадрид едвај извлече бод на „Сантијаго Бернабеу“ против Клуб Бриж играјќи 2-2 и по две кола воопшто не е на очекуваната позиција во својата група од Лигата на шампионите. Тренерот Зинедин Зидан е разочаран од изданието на тимот и вели дека дозволиле да примат смешни голови.

„Примивме два смешни гола и морам да кажам дека работата воопшто не е за смеење. Тоа беа најлошите 45 минути откако јас сум тренер на Реал Мадрид. Бевме непрепознатливи, направивме многу грешки, и во одбраната и во средниот ред. Бевме нетрпеливи во нападот. Потоа се обидовме да надоместиме. Но, нне успеавме да победиме и тоа ни го компликува животот. Ќе треба да бидеме многу подобри“, изјави Зинедин Зидан.

Реал Мадрид по две кола се наоѓа на последното место во групата А, со еден освоен бод и послаба гол – разлика од Галатасарај. Клуб Бриж има два бода, а ПСЖ максимални шест бода по двете победи.

Се вчитува...