Зидан: Рамос би можел да тргне по стапките на Роналдо …

Серхио Рамос е пред одлука дали по завршувањето на тековниот договор со Реал Мадрид да го напушти клубот. Ова го призна и тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан кој вели дека голема е шансата тој да тргне по стапките на Кристијано Роналдо.

„Дали ќе имаме нов случај Роналдо? Не знам навистина што ќе се случи со Рамос. Тој во моментов е со нас, но се е отворено“, изјави Зидан. 

Шпанските медиуми пренесуваат дека во преговорите најголем проблем бил траењето на новиот договор. Рамос барал договор во траење од повеќе години, а „кралевите“ едноставно не сакаат да им даваат подолг договор на фудбалери постари од 30 години.

Се вчитува...