Реал Мадрид ќе го брани трофејот во Лигата на шампионите, откако го елиминира Баерн Минхен во драматичниот двомеч со вкупен резултат, 4-3. По триумфот (1-2) во Минхен, „кралевите“ имаа многу проблеми на „Сантијаго Бернабеу“, но успеаја да стигнат до реми (2-2), со кое го трасираа патот за Киев.
Тренерот Зинедин Зидан успеа да го израмни рекордот на Марчело Липи, со Реал Мадрид третпат последователно ќе игра во финалето на елитното европско клупско натпреварување.
„Во фудбалот треба да вложиш многу напори, а многу често и да патиш, за да успееш да стигнеш до целта. Ние имавме навистина тешка вечер, игравме против силен ривал, но Реал Мадрид никогаш не се предава, и кога е тешко знае да победува. Така се освојуваат трофеите. Овој клуб има фантастична историја, многу освоени титули, а ние сме одбрани за да ја надополнуваме колекцијата секоја година. Сега доаѓа најтешкиот дел, да победиме и во финалето“, изјави тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА