Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, ги израдува фановите на „кралскиот клуб“ обелоденувајќи дека повредата на Кристијано Роналдо не е премногу сериозна. Тој го повлече Португалецот од игра на паузата меѓу двете полувремиња, но Зидан по мечот откри дека одлуката ја донел од претпазливост, а не поради сериозноста на повредата на својот најдобар фудбалер.
„Мислам дека станува збор само за удар и дека не е ништо сериозно. Ќе видиме што ќе каже магнетната резонанца, но во секој случај не сум загрижен, убеден сум дека Роналдо ќе може да настапи на финалето во Киев“ – изјави Зидан.
Стратегот на Реал Мадрид даде и краток коментар за големото дерби што заврши без победник.
„Имаше се и сешто, не му беше лесно на судијата, но јас не сакам да навлегувам во тие теми. И двата тима имаа свои шанси, некој е повеќе, а некој помалку задоволен од ова реми. Јас лично сметам дека заслуживме повеќе со играта во второто полувреме“ – прокоментира Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА