Англискиот премиерлигаш Челси е во потрага по нов менаџер, откако Маурицио Сари ја загуби контролата над тимот и нанижа неколку последовни порази. Последна шанса за него ќе биде финалето на Лига Купот против Манчестер Сити в недела, а раководството на клубот веќе го бара неговиот наследник.
Челси го посакуваше Зинедин Зидан, но Французинот го сака кормилото на Јувентус. По синоќешниот пораз (2-0) од Атлетико Мадрид во првиот осминафинален меч во Лигата на шампионите, загрозена е и позицијата на Масимилијано Алегри. Евентуална елиминација би значела и можна разделба на крајот од сезоната.
Челси веќе има следна цел. Повторно е француски стратег, Лоран Блан, кој е без ангажман од 2016 година кога го напушти кормилото на Пари Сен Жермен. Тој на крајот од активната кариера го носеше дресот на Манчестер Јунајтед и добро ги познава случувањата во Премиер – лигата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА