После 16 години од инцидентот меѓу Зинедин Зидан и Марко Матераци на финалето на Мундијалот во Германија 2006 година, се огласи францускиот репрезентативец.
Поради провокација, популарниот „Зи-Зу“ во еден момент со глава го удри Матераци, за што Зидан доби црвен картон, а тоа беше неговиот последен натпревар во кариерата.
Зидан кажа дека само еден човек можел да го спречи во намерата, и тоа е неговиот долгогодишен пријател Биксенте Лизаразу, кој се откажа две години порано од играњето во националниот тим.
„Нималку не сум горд на тоа што го направив тоа, но тоа е дел од мој живот. Не можам да го променам тоа што се случило. Во животот не можеш да направиш совршено. Тој ден само Биксент можеше да ме спречи да не го сторам тоа што го сторив“ искрено искоментира Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА