Зидан со најново понижување за Иско

За Иско дефинитивно нема иднина во Реак Мадрид додека Зинедин Зидан е тренер на „кралевите“, по последното понижување што шпанскиот плејмејкер го доживеа за денешниот дуел со Хетафе.

Реал има преполовен состав поради бројните повреди и суспензии, а откако си замина Одергард, се повреди Валверде, а Крос мора да паузира поради суспензија, Зидан имаше само тројца здрави играчи за врска во тимот, Модриќ, Кашемиро и Иско. Сепак, тренерот на „кралевите“ шокираше со изборот да го остави Иско на клупата за резерви, а на негово место за стартер да го стави Марвин, член на младинскиот тим на Реал.

Јасна е пораката до Иско, да си замине од „Сантијаго Бернабеу“ на крајот од сезонава, но факт е дека Реал загуби премногу бидејќи фудбалерот што беше проценуван на над 70 милиони евра сега вреди барем двојно помалку.

Се вчитува...