Реал Мадрид едвај го совлада последнопласираниот тим во Ла Лига, Хуеска, со 3-2, но синоќешниот меч на „Сантијаго Бернебу“ ќе се памети по дебито на Лука Зидан, синот на тренерот Зинедин Зидан. Французинот одлучи да му даде шанса на својот син, кој има огромна конкуренција во Тубо Куртоа и во Кејлор Навас.
„Среќен сум што на крајот сепак победивме. Да, среќен сум и за дебито на синот Лука. Но, јас гледам на него како и на секој друг играч од тимот. Ова е сосема логично, го најавив уште кога се вратив на кормилото на Реал Мадрид, дека шанса до крајот на првенството ќе добијат сите играчи, за да можеме потоа да ја направиме најдобрата селекција за следната сезона. Треба да останат само најдобрите. Секако, Реал Мадрид има обврска да победува на секој натпревар и тоа јасно им го потенцирам на сите кои го носат дресот на овој голем клуб. Имаме уште многу да работиме, но забележлив е напредок во некои сегменти од играта. На моменти беше добро, а на моменти лудо и хаотично. Но, ова е компликувана сезона за клубот“, изјави Зинедин Зидан.
Во составот на Реал Мадрид синоќа не беа Лука Модриќ, Тони Крос, Марко Асенсио и Рафаел Варан. Тие, како што објасни Зидан, добија одмор по напорните настапи за националните селекции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА