Зидан за 28 месеци го стигна „стариот лисец“ Марчело Липи

Зинедин Зидан само 28 месеци е шеф на стручниот штаб на еден врвен европски клуб, сосема доволно за францускиот генијалец да продолжи да испишува историја.

Тој е стратегот кому му било потребно најкратко време за да обезбеди три финалиња во низа во Лигата на шампионите. Само за споредба, последниот кому тоа му успеало е „стариот лисец“ Марчело Липи, кој водеше три финалиња во ЛШ во периодот од 1996 до 1998 година, притоа добивајќи само едно.

Зизу веќе има две победи и европски круни како тренер, една како играч, а како што стојат работите тој е на добар пат да ја збогати својата колекција на трофеи.

Се вчитува...