Зинедин Зидан признава дека за Герет Бејл нема место во неговиот тим. Велшанецот извесно е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, особено што не доби шанса на ниту еден од последните три натпревари на тимот, а и завршниот дуел, против Бетис го преседе на клупа.
„Не знам дали ова му беше последен натпревар. Не знам што ќе се случи. Но, знам дека тој не одговара на мојот тим. Јас сум свесен за сите работи што тој ги има направено за клубот, но јас како тренер морам да размислувам за сегашноста и така да го конципирам составот“ – вели Зидан.
Во шесте години кои ги минува во Реал Мадрид, Бејл има четири титули од Лигата на шампионите и по четири трофеи во Ла Лига и во Купот на кралот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА