Зиелински пресуди во драмата помеѓу Интер и Јувентус (ВИДЕО)

Дербито на 25. коло од италијанското првенство помеѓу Интер и Јувентус им припадна на „нероаѕурите“ кои славеа со 3-2.

Во драматичен натпревар прв поведе Интер со автоголот на Камбиасо во 17. минута, но Италијанецот брзо ја поправи грешката со гол во 26. минута за 1-1.

Во 76. минута со голот на Еспосито, Интер се врати во водство за 2-1 пред во 83. минута Локатели да возврати за ново изаедначување.

Победоносниот гол го постигна Зиелински кој ја затресе мрежата во 90. минута за голема победа и лудо славје.

Интер со овој триумф ја врати предноста од осум поени на врвот на табелата, додека Јувентус останува на петтата позиција со 46 освоени бодови.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...