Левиот бек Зија Мерџани е првото зимско засилување за Работнички. Фудбалерот кој е слободен агент откако ја напушти Шкендија пред една година, се приклучува на „романтичарите“ во мисијата „опстанок“.
Мерџани е поранешен играч и на Струга ТЛ со која ја освои првата шампионска титула. Во јануари 2023 година се приклучува на Шкендија, и таму останува до јануари 2025 година откога е слободен играч.
Работнички во пролетниот дел од сезоната ќе има тешка задача – да избори опстанок во ПМФЛ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

