Зијеш кариерата ја продолжува во Катар

Поранешниот играч на Галатасарај, Хаким Зиjеш е нов играч на Ал Духаил, соопшти клубот од Катар.

Во соопштението за медиумите се наведува дека мароканскиот репрезентативец одбил бројни понуди од други клубови, бидејќи сакал кариерата да ја продолжи во Ал Духаил. Зијеш пред Галатасарај играше за Челси, Ајакс, Твенте и Херенвен.

За турскиот клуб оваа сезона одигра само 11 натпревари. За мароканската репрезентација одигра 64 натпревари и постигна 25 голови.

Ал Духаил е на првото место на табелата во катарскиот шампионат со 29 бодови.

Се вчитува...