Зијеш: Не сум видел полош тренер, си одам веднаш од Галатасарај

Мароканецот Хаким Зијеш вели дека итно, без размислување, ќе го напушти Галатасарај уште во јануари поради тренерот на клубот Окан Бурук.

Зијеш досега има само 11 настапи и 320 минути за тимот, и покрај тоа што беше доведен како големо засилување. Но, вели дека се кае што прифатил да дојде во овој клуб.

„Галатасарај за мене е завршена приказна. Не сакам да играм тука. Никогаш не сум видел полош тренер. Сакам само да ме остават на мир. Многу се каам што ја прифатив оваа понуда, жалам што дојдов тука“ – вели Зијеш.

Зијеш во кариерата играше за неколку екипи во Холандија, по што во 2020 година се пресели во Челси.

Се вчитува...