Украинскиот репрезентативец и член на Арсенал, Олександар Зинченко истакна подготвеност веднаш да ја прекине кариерата и да оди да се бори на фронтот на Украина во војната против Русија, доколку биде повикан од армијата.
27-годишниот фудбалер откри дека досега донирал 1 милион фунти за да им помогне на своите сонародници.
„Мислам дека одговорот е јасен, подготвен сум да одам да се борам ако треба“, одговори Зинченко, кој призна дека има многу другари кои сега се на фронтот.
„Ги делевме училишните клупи, а сега ќе мора да се борат. Веројатно некои мислат дека ми е полесно што сум во Лондон, а не во Украина, но искрено се надевам дека оваа војна брзо ќе заврши“, изјави Зинченко.
Самиот тој играше во Русија, и призна дека му пишуваат и некои поранешни соиграчи од Русија.
„Малку ми пишаа од руската инвазија, но тие не се виновни. Ги разбирам, не може да протестираат, затоа што ќе бидат ставени во затвор“, рече Украинецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

