Зинедин Зидан го напушта Реал Мадрид и потпишува за Јувентус?

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан најверојатно ќе го напушти Реал Мадрид и ќе потпише со Јувентус, пренесува европските медиуми. Зидан веќе неделава ќе има состанок со Флорентино Перез по кој би требало да биде објавено дека Французинот заминува од „Сантијаго Бернабеу“.

Реал Мадрид сезонава не освои ниту еден трофеј што е првпат од сезоната 2009/2010. Јувентус пак сезонава по цели девет години не стана шампион на Италија, а новиот тренер Андреа Пирло и покрај тоа што се радуваше на трофеите во Копа и Суперкопа Италија, од раководството не се задоволни од неговата работа.

Доколку се случи Зидан да потпише со Јувентус голема е шансата и првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо да остане во клубот.

Се вчитува...