Легендарниот Зинедин Зидан го одбил францускиот Олимпик Марсеј, кој на крајот го ангажираше Џенаро Гатузо.
Тој добил покана од тимот од родниот град, но едноставно не успаеле да го убедат во клупскиот план и проект.
Секако, тоа не значи дека соработка меѓу двете страни нема да има во иднина. Неодамна се појавија гласини дека инвеститори од Саудиска Арабија се заинтересирани да инвестираат во клубот од Марсеј.
Принцот Бин Салман кој е сопственик на Њукасл, се распрашува веќе некое време, а под новата сопственост, Зидан би можел да се премисли. Зидан не ја исклучува ниту можноста да се врати во Реал Мадрид, кој полека ја започнува потрагата по замена за Карло Анчелоти.
Најголеми шанси има Чаби Алонсо, но Зидан и претседателот Флорентино Перез и покрај бурната разделба, сепак имаат одлични односи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА