Зинедин Зидан конечно би можел да се врати на фудбалската сцена. Не како тренер, но веќе се наведува дека ја прифатил понудата да биде нов генерален менаџер на Олимпик Марсеј. И, сето тоа под еден услов Марсеј наредниот период, како што се планира, да биде купен од Саудиска Арабија.
51-годишниот Зидан неодамна ја одби понудата да биде тренер на Марсеј, но сега приказната се менува со можноста да го менаџира клубот ако тој биде купен од Саудијците кои во таков случај планираат да остават буџет од 300 милиони евра за Зидан.
Желбата на саудиските инвеститори е, по Њукасл, да купат клуб и во Франција кој ќе го направат најбогатиот во земјата и да го прекинат долгогодишното владеење на ПСЖ.
Како што е познато, неодамна за нов тренер на Марсеј е именуван Џенаро Гатузо. Но, со влез на Саудијците и доаѓање на Зидан на менаџерската позиција, многу нешта би се промениле во клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА