Зинедин Зидан оздраве, но Флорентино Перез сега е позитивен на коронавирус

Првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез, е позитивен на коронавирус, објавија „кралевите“ попладнево преку клупско соопштение. Перез нема симптоми на болеста, но при редовното тестирање добил позитивен резултат, по што заминал во самоизолација во својот дом.

Тренерот на „кралевите“, Зинедин Зидан, ја доби битката со коронавирусот, па по двата негативни теста францускиот стратег утрово го водеше и првиот тренинг откако ги пропушти последните две средби на својот тим.

Зидан ќе го води тимот на гостувањето против Рекреативо Хуеска, во обид „кралевите“ да се рехабилитираат од шокантниот пораз на домашен терен од Леванте изминатиот викенд.

Се вчитува...