Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана се најде во центарот на вниманието на фудбалската јавност со проблематичната изјава, а потоа и лошото издание на натпреварот против Лион во Лига Европа.
Камерунскиот центар е жестоко критикуван од јавноста, но во неговата одбрана застанаа соиграчите. Еден од оние кои го бранеше Онана пред јавноста е Џошуа Зиркзе.
„Ние сме еден тим, грешиме заедно и нема да извојуваме некој кој направил грешка. Тоа е бесмислено. Да ремизираме на овој начин секогаш боли. Не сакам да кажам дека фрустрира, но мораме да се концентрираме на следниот натпревар против Њуксал. По него сите знаеме што не чека во реваншот против Лион. Мораме да победиме, сите сме свесни и не бегаме од таа обврска. Само тоа ни останува. Нема да биде лесно, но сите сакаме да победиме, мораме“, изјави Зиркзе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА