Зиркзе заврши со Манчестер Јунајтед?

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед Џошуа Зиркзе би можел да го пропушти остатокот од сезоната поради повреда на тетивата.

Холанѓанецот со повреда го напушти мечот против Њукасл во вториот дел и најверојатно ќе го оддалечи до крајот на мај. 

Тој сигурно ќе отсуствува во следните неколку недели, а Рубен Аморим повеќе информации за повредата ќе открие на утрешната прес-конференција во пресрет на натпреварот против Олимпик Лион во четврт-финалето на Лигата на Европа.

Остануваат уште шест премиерлигашки натпревари за Јунајтед оваа сезона, а доколку се пласираат во финалето на Лига Европа, би играле и во Билбао на 21 мај. 

Холанѓанецот, кој постигна седум гола оваа сезона, е некој за чија иднина често се зборува и не би било изненадување доколку го напушти клубот на крајот на кампањата. Така мечот кој го одигра против Њукасл може да му биде последен.

Се вчитува...