Ненад Зивчевиќ имаше извонреден старт на својата авантура во Бахраин, откако во голем стил го одигра отворањето на сезоната во кое неговиот клуб Ал Нвеидрат славеше над тимот на Бахраин со убедливи 79-46.
Токму поранешниот играч на МЗТ Скопје и Работнички беше во главна улога бележејќи дабл-дабл од 32 поени и 18 скокови, покрај кои Зивчевиќ оствари и шест асистенции и две блокади.
Со овие бројки Зивчевиќ се здоби и со признанието за МВП на колото на стартот од шампионатот во Бахраин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА