Искусниот македонски кошаркар Ненад Зивчевиќ се враќа во домашниот шампионат каде следната сезона ќе ги брани боите на КК Гостивар.
Зивчевиќ минатата година ја помина во српскиот второлигаш Клик, а во Гостивар доаѓа како замена за Американецот, Крис Сили кој поради здравствени проблеми сепак нема да биде кошаркар на македонскиот прволигаш.
Последниот ангажман во Македонија, Зивчевиќ го имаше во Куманово, а во кариерата играше и за Работнички, Плејмејкер Кубус, МЗТ Скопје, Лирија, Струмица, а свое патешествеи имаше и во Црна Гора, Украина, Шведска како и неколку држави од Азија и Африка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА