Ненад Зивчевиќ без поголеми проблеми најде нов ангажман во странство, па крилниот кошаркар својата кариера ќе ја продолжи во Катар, како член на екипата на Ал Ахли. Зивчевиќ ланската сезона ја почна со Струмица, по што се пресели во Тунис, каде имаше забележителни настапи во дресот на Далиа спорт Громбалија. Тој имаше просек од одлични 21,5 поени и 4,2 скокови по натпревар со шут од поле од извонредни 66,6%, за што заслужено беше избран и за најдобар странец во тунискиот шампионат.
Тоа беше доволна препорака екс-кошаркарот на МЗТ Скопје и Работнички да добие понуди од бројни клубови од Азија, од кои на крајот ја прифати онаа на Ал Ахли.
Станува збор за клуб што ја заврши ланската сезона на шестата позиција, но овојпат со зголемен буџет атакува на место меѓу најдобрите четири тима во Катар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА