По синоќешните тренинзи на двата тима, веќе се навестуваат стартните состави на Реал Мадрид и Манчестер јунајтед за вечерашниот спектакл на „Телеком арената“ во Скопје.
Согласно информациите кои пристигнуваат од таборот на „кралевите“, Зинедин Зидан од првата минута во пресметката против Жозе Мурињо ќе стартува со двете свои најголеми ѕвезди Кристијано Роналдо и Герет Бејл. Според предвидувањата на шпанските медиуми, иако недоумицата е дали во почетниот состав да биде Иско место Роналдо, кој досега одработи само три тренинзи со тимот по враќањето од одмор. Но, предност сепак се дава на португалската ѕвезда.
Во почетната формација од 3-5-2 на Мурињо, пак, се предвидува дека нема да има некои поголеми изненадувања. Без Рашфорд во нападот, а со Лукаку и Мкхитарјан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА