Полјакот Пјотр Зјелински е новото засилување на Интер, откако Наполи не ја продолжи соработката со 29-годишниот играч за врска. Долго време се зборуваше за трансферот на Зјелински од југот на северот на Италија. „Нероаѕурите“ на почетокот на годинава се договорија со Полјакот да потпишат договор на три плус една година, а тој ќе добива 4,5 милиони евра по сезона.
Тимот од „Џузепе Меаца“ ќе ја брани титулата во Серија А, а носи човек кој има искуство во освојување на Скудетото. Зјелински успеа да го направи тоа во сезоната 2022/23 кога титулата стигна во подножјето на Везув по 33 години, а Полјакот беше еден до клучните играчи во тимот во кој беше и нашиот Елиф Елмас, а на клупата седеше сегашниот селектор на Италија, Лучијано Спалети.
Зјелински пристигна во Наполи во 2016 година од Удинезе. За осум сезони, тој постигна 51 гол на 364 мечеви во сите натпреварувања.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА