Ѕјуба е кошмар за Облак, рутински триумф на Црна Гора

Русија славеше на дуелот против Словенија со 2-1 благодарение на одличниот Артем Ѕјуба, кој ги постигна двата гола за „зборнаја“ уште во првото полувреме од натпреварот. Асот на Зенит беше кошмар за голманот Јан Облак, со два погодоци на идентичен начин (во долниот десен агол од голот на Словенците) носејќи им знајачни три бода на руските репрезентативи.

Словенија веднаш по вториот примен погодок успеа да намали со евроголот на Иличиќ, но тоа се покажа недоволно за Словенците да врзат два позитивни резултати во низа, по големиот триумф над Хрватска во првото коло.

Црна Гора без поголеми проблеми го скрши отпорот на Гибралтар, триумфирајќи со убедливи 4-1. Бечирај го отвори резултатот во Подгорица, а Стајш од пенал израмни на 1-1. Квалитетот на Црногорците сепак беше пресуден, па до крајот на мечот меѓу стрелците се запишаа Симиќ, Томашевиќ и Јоветиќ, за убедлива победа на оваа селекција.

Се вчитува...