Ѕјуба стана нов рекордер во репрезентацијата на Русија

Репрезентацијата на Русија одигра пријателски натпревар со Гренада, каде искусниот напаѓач Артјом Ѕјуба постави нов рекорд за националниот тим.

Ѕјуба во 43. минута погоди за 3-0, што беше негов 31 гол во дресот на националниот тим. Со тоа стана најдобар стрелец во историјата, надминувајќи го рекордот на Александар Кержаков од 30 гола.

Ѕјуба има 36 години, а за репрезентацијата игра од 2011. Моментално е член на тимот на Акрон Тољати, а најуспешниот дел од кариерата го мина во Зенит од 2015 до 2022 година.

Се вчитува...