Манчестер јунајтед е освојувач на ЕФЛ Купот на Англија откако во финалето на „Вембли“ го совлада Саутемптон со 3-2. Во возбудлив дуел, Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ беше херој на финалната пресметка, постигнувајќи го победничкиот погодок во 87.минута. Тој со удар со глава по центрашутот од десната страна, ја закова топката во противничката мрежа, за прв трофеј со „црвените ѓаволи“ по доаѓањето ова лето. Тоа е прв пехар и за Жозе Мурињо на клупата на Манчестер јунајтед во Англија.
Ибрахимовиќ беше стрелец и на првиот гол за Јунајтед на овој меч, а на 2-0 зголеми Лингард во 38.минута.
Габијадини намали на 2-1 пред самиот крај на првото полувреме, а истиот фудбалер израмни во 49.минута. Но, Ибракадабра го постигна победничкиот погодок во 87.минута за триумф на Манчестер јунајтед во ЕФЛ Купот на Англија.
All Goals & Highlights HD – Manchester United 3… by LiG2Fr
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА