Милан наскоро би требало да добие нов тренер. Пауло Фонсека е на излезна врата, а шефот Златан Ибрахимовиќ веќе одбрал негов наследник. Станува збор за Игор Тудор, кој е без работа откако доби отказ од Лацио на крајот од минатата сезона.
Сепак, покрај Тудор неколку кандидати се споменуваат за испразнетата клупа. Некои од имиња кои циркулираат околу „Сан Сиро“ се и Един Терзиќ, Томас Тухел, Маурицио Сари, Масимилијано Алегри. Но, медиумите во Италија пренесуваат дека токму Тудор е првиот „пик“ на Ибрахимовиќ.
„Ибрахимовиќ изрази голем интерес за Игор Тудор. Златан има голема почит кон Тудор, особено поради неговиот силен карактер и способност да ја промени ситуацијата во тимот. Тудор може да биде многу финансиски ефективна опција, а тој исто така би се согласил на краток договор“, пишуваат италијанските медиуми.
Тудор во својата играчка кариера беше дел од Јувентус и Сиена, а беше тренер и во Удинезе, Верона, Олимпик Марсеј, Лацио, Хајдук, Галатасарај, ПАОК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА