Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс е особено ангажиран во јавноста за сите настани од општеството, а за неговиот интерес во политиката зборуваше и напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ.
Шведскиот фудбалер истакна дека спортистите треба да се посветат на спортот, а политичарите на политиката.
„Ние врвните спортисти не сме политичари. Политичарите го делат народот, а во мојот свет фудбалот е тој што обединува. Тоа е голема разлика. Имав можност да запознаам луѓе кои никогаш не би имал можност да ги видам ако не играв фудбал. Познавам луѓе од целиот свет. Мислам дека треба да го правиме она во што сме добри и дека спортот и политиката се две различни категории. Ако сте интелигентни, ќе разберете. Ние фудбалерите произведуваме љубов и радост. Политиката не припаѓа на нашиот свет. Не дојдов да испраќам пораки, туку да ги поврзам луѓето и да им донесам радост. Фудбалот и спортот воопшто се најдобри средства за тоа. Јас сум добар во тоа и затоа го правам тоа“, изјави Ибра за ‘Франс Фудбал’.
Zlatan Ibrahimović has now scored in TWENTY-SIX different league campaigns.
From the 1999 Allsvenskan to the 2021/22 Serie A season. 🍷 pic.twitter.com/aa3JHuLNH2
— Squawka Football (@Squawka) September 12, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА