Златан: Гвардиола ми рече дека не сака играчи со Ферари… знаете што направив следниот ден, така…

Златан Ибрахимовиќ во текот на блескавата кариера работеше со речиси сите најдобри тренери на денешницата, шведскиот ас има пофални зборови за речиси сите стратези со кои соработувал, со исклучок на Пеп Гвардиола.

Неговиот престој во Барселона траеше кратко поради несогласувањата со Гвардиола, Златан не крие дека вината ја гледа кај тренерот бидејќи како што вели самиот: Тој е „Ферари“, а Гвардиола го возел како да е „Фијат“. Во интервју кај познатито водител Пирс Морган тој обелодени и како почнале конфликтите со Гвардиола.

„Кога дојдов во Барселона, тој уште на првиот состанок ме гледаше во очи и ми кажа: Запомни – играчите овде не доаѓаат во Ферари. Знаете што направив јас следниот ден, така… Дојдов на тренинг со моето Ферари“, со насмевка говореше Златан Ибрахимовиќ.

Се вчитува...