Златан Ибрахимовиќ добива огромна статуа во Малме

Легендарниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ денеска ќе ја открие сопствената статуа во родниот град Малме. Статуата ја поставува Фудбалската федерација на Шведска во знак на благодарност за се што направи Ибрахимовиќ за шведскиот фудбал. Таа е висока 2,7 метри, тежи 500 килограми, а нејзин автор е скулпторот Петер Линде.

„Ќе се видиме во вторник на стадионот каде ќе ја откријам мојата статуа. Златан ги ослободува сите ученици во Малме за денешниот ден“, напиша Ибрахимовиќ на Твитер.

Статуата ќе биде поставена на плошад меѓу стариот и новиот стадион на Малме.

Се вчитува...