Златан Ибрахимовиќ се уште не одлучил дали ќе остане во Манчестер јунајтед по завршувањето на сезоната со која завршува и неговиот едногодишен договор или ќе тргне во нов предизвик. Во шпекулациите околу неговиот можен трансфер, Швеѓанецот најчесто се поврзува со заминување во ЛА Галакси. Преселбата во САД и Холивуд веќе се вртат и во неговите мисли. Но, не толку поради фудбалот, туку поради глумата и филмот и желбата еден ден да се појави на филмското платно во улога на Џејмс Бонд!
И можеби за фудбалскиот свет тоа би бил шок, но за личност како Ибрахимовиќ, би било потполно нормална работа тој да заврши во Холивид. Оваа идеја Швеѓанецот ја откри во интервјуто со новинарот на БТ Спорт кога разговараат за легендата на Манчестер јунајтед, Ерик Кантона.
„Ерик е Ерик, Златан е Златан. Луѓето ќе го паметат по она што го направил, а мене по тоа јас што сум го направил. Единстевно што не сум направил досега е глумата, помалку сум заинтересиран да бидам глумец. Да глумам некој таен агент, нешто како Мет Дејмон во „Борновиот идентитет“ или да бидам нов Џејмс Бонд. Зошто да не?!“ – вели напаѓачот на Манчестер јунајтед.
А, неговата изјава за филмска кариера веднаш ги инспирира англиските медиуми на свој начин да го преселат Ибрахимовиќ во Холивуд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА