Златан Ибрахимовиќ ќе ја крои новата НБА Европа!?

На кошаркарскиот „пазар“ се повеќе се зборува за создавање ново европско клупско натпреварување, кое ќе го води организација наречена „НБА Европа“.

Според заменик-комесарот на НБА, Марк Тејтум, како и првиот човек на ЦСКА од Москва, Андреј Ватутин, во тоа натпреварување ќе учествуваат само избрани клубови, од градови кои се сметаат за атрактивни центри на моќ, а веќе се на повидок неколку имиња.

„Газета“ објави дека таму ќе играат кошаркарските секции на Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ, Баерн Минхен, Фенербахче… Сепак, се споменуваат и великаните од „градот на модата“ во Италија.

„Милан и Интер наскоро ќе бидат поканети да одлучат. Впечатокот е дека Гари Кардинале беше првиот што се пресели. Пред два дена, Адам Силвер, комесар на НБА, беше гостин на генералното собрание во Њујорк, на кое присуствуваа и претседателот на Милан, Паоло Скарони, генералниот менаџер Џорџо Фурлани и советникот Златан Ибрахимовиќ“, пишува „Газета“.

Затоа, еден од луѓето што ќе ја донесат одлуката е Златан Ибрахимовиќ, кој веќе некое време се прашува за многу одлуки меѓу „росонерите“ од сенка, оддалечувајќи се од самиот терен.

Се вчитува...