Златан Ибрахимовиќ не го игра Роналдо ни за на клупа

Во својата нова книга „Јас сум фудбал“, Златан Ибрахимовиќ пишува и за својот фудбалски „дрим-тим“. На една од страниците во книгата „прикачено“ е парче хартија на кое Ибрахимовиќ го запишал својот избор на најдобрите фудбалери на сите времиња.

Во нападот се Ибрахимовиќ, Меси и Роналдињо. Средниот ред го држат Недвед, Виеира и Чави, а во  позадина – Максвел, Неста, Тиаго Силва и Туран и Буфон на голот. Во „дрим-тимот“ на Ибрахимовиќ нема место за Роналдо. Него Швеѓанецот не го смета дури ни за резерва на клупа на која исто така има импресивно друштво со Хулио Цезар, Иниеста, Канаваро, Гатузо и Сидорф.

Се вчитува...