Златан Ибрахимовиќ со видео-пораката: „Здраво Шпанија, јас се враќам“ ја крена на нозе јавноста на Пиринејскиот полуостров, која се обидуваше да погоди каде шведскиот генијалец ќе ја продолжи кариерата. Сепак, на крајот излезе дека се е само маркетингшки трик откако вечерва беше обелоденето што е вистинската причина за објавеното видео на Ибракадабра.
Имено, спортската обложувалница „Bethard” лансираше нова апликација, чие заштитно лице е токму Ибрахимовиќ.
Ова не е прв ваков потег на Златан, кој пред СП 2016 даде изјава „Мундијал без мене не е Мундијал“, што потоа беше искористена како реклама на ВИЗА, еден од спонзорите на светскиот шампионат чиј амбасадор беше токму шведскиот ас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА