„Златан каков татко си ти“ – Поради оваа изјава цел Балкан го нападна Ибрахимовиќ

Познатиот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ го даде своето прво големо интервју на својот мајчин јазик, а во таа прилика, во разговорот со Славен Билиќ, се осврна на теми кои не се чисто фудбалски или спортски. Освен што е фудбалер, Златан е и татко, па затоа се грижи за градење добри односи со своите синови.

Тој научил од грешките на својот татко Шефик Ибрахимовиќ, со кого секогаш имал одредени „кавги“, па од самиот почеток знаел како да воспостави авторитет со Максимилијан (19) и Винсент (17). Во емисијата „Неуспех на шампионите“ раскажуваше за неговиот однос со синовите, а поради една изјава доби доста негативни коментари.

„Бевме во Беверли Хилс, не е дека сега се преправам дека сум важен, но тоа го правев. Одиме на училиште, секој има возач, некој што ги носи на училиште… Видов само два велосипеда на училиште… Купив два велосипеда и им реков на моите синови сами да одат на училиште. Им покажав како да стигнат до училиште и оттогаш одеа сами секој ден. Еден ден беше смешно. Врнеше дожд. И ме прашуваат, што сега? Јас им велам земете ги велосипедите и одете. И тие си заминаа. Мислеа дека кога врне, не можат да возат велосипед… Бев строг, но за нивно добро бидејќи континуитетот е важен“, рече Ибрахимовиќ.

Се вчитува...