Шведскиот селектор се уште не се изјаснил, но Златан Ибрахимовиќ знае – фудбалскиот волшебник ќе се најде на списокот на шведскиот национален тим за претстојниот мундијал во Русија.
По неколкуте одлични настапи на почетокот од својата авантура во МЛС-лигата, Ибракадабра конечно ги разреши и дилемите околу настапот на СП. Иако не играше за Шведска во текот на квалификациите, кај големиот ас нема дилеми околу учеството на мундијалот во Русија.
„Секако дека ќе одам на СП, но тоа е се што ќе кажам во моментов бидејќи за се друго би бил критикуван. Морам да бидам внимателен зборовите за да не ме критикуваат, но Светско Првенство без мене не би било Светско Првенство“ – истакна Златан Ибрахимовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА